Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат  договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар.

-Да, еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што еден од тие би рекол историски договори е и тој, посочи Мицкоски.