Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија. Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она кое што е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот како до сега, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски по денешното поставување на камен темелник во општина Кисела Вода.

Курир

-Му честитам на градоначалникот за посветената работа која што ја прави секојдневно, неуморно, овде во општина Кисела Вода, на советниците кои што ја поддржуваат неговата работа, на општинската администрација, пратениците се разбира коишто се составен дел. Понатаму, директорите на објектите кои што се под ингеренции на локалната самоуправа, бидејќи ако немате добра подготовка, ако немате добро проектирање и дефинирање на приоритетите, тогаш вие ќе не можете да имате ниту добар проект. Продолжувам и понатаму како Влада, преку оној проект за децентрализација од буџетски средства кон општините да инвестираме на цела територија на Македонија. Веќе неколку проекти овдека во Кисела Вода се потпишани, во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои што ќе бидат исто така потпишани, посочи Мицкоски.

Курир

Тој потенцира дека на тој начин ја заокружуваат оваа инвестициска активност за оваа и за следната 2025-та веќе почнуваат да прават планови за следната 2026-та година.

Реклама

-Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам. Ги поздравувам сите оние коишто навистина учествуваат во овој проект и ги повикувам и понатаму да бодат дел од проектите коишто ќе ги финансира Владата. Уште еднаш нека е со среќа, уште многу вакви проекти да имаме ширум Македонија, посочи премиерот.