Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Граѓаните го поздравуваат најавениот проект „Купи куќа за млади“

 Со години наназад, покрај финансиската нестабилност, она што ги одвраќа македонските млади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Со години наназад, покрај финансиската нестабилност, она што ги одвраќа македонските млади да останат во земјава е и неможноста трајно да си го решат станбеното прашање, најмногу заради неконтрлираното дивеење на цените на станбениот квадрат. Одлуката на Владата, овој сериозен проблем да се обиде, ако не целосно да го реши, тогаш барем да го ублажи со новиот проект „Купи куќа за млади“, е за поздравување, сметаат граѓаните.

 „Нека си се вселуваат младите, нека им биде убаво…Ќе си останат младите тука“, – вели анкетирана граѓанка.

 „Мислам дека тоа ќе биде одлично и така ќе ги задржиме младиве, или барем дел од младите и ќе им се реши проблемот. Има доста што не им е решен тој проблем“, – анкетиран граѓанин.

Реклама

 „Не е лоша како идеја, само да се реализра целосно. И порано, нели имаше такво нешто. Во ред е, мислам – убаво е, зашто скапо е, станбениот простор е доста скап, вака подолгорочно ќе можат да си испланираат нешто“, – анкетиран граѓанин.

 „Секако дека ќе придонесе, точно е дека ќе придонесе. Корисно е тоа, многу корисно…Благодариме ако го сторат тоа“, – анкетирани граѓани.

  Инаку, овој нов владин проект неодамна го најави вице-премиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој рече дека подготовките веќе биле при крај и од после Нова година ќе се излезело со конкретни предлози во кои општини тоа ќе може да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и помош за сопствен дом, вклучително и на иновативните решенија за паметни домови на Сојузот на Стопански комори.

  „Сакам да најавам дека од следната година, тоа е во суштина за нешто помалку од два месеци од сега, ќе почнеме да го развиваме Проектот „Купи куќа за млади“ кој што треба да им овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со свој дом по исклучително поволни услови, и за тоа веќе ги спремаме плановите“, – изјави Александар Николоски, вице-премиер и министер за транспорт и врски.

  Освен ова, министерот Николоски, исто така, најави и намалување на цените на станбениот квадрат за 30-40 проценти во неколку поголеми општини во земјава, но и темелни реформи на актуелните закони за градба и урбанистичко планирање, бидејќи веќе биле застарени и не го следат чекорот на времето.

Каролина Дурло