Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Ќе има ли кривична одговорност за тендерот на ЈСП за точење гориво?

Финансиската полиција со засилено темпо ги чешла јавните набавки во ЈСП. Откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската полиција со засилено темпо ги чешла јавните набавки во ЈСП. Откако се утврди дека граѓаните мрзнеа на улица бидејќи автобусите останаа без нафта, фокус на истражните органи станаа тендерите што јавното претпријатие ги распишувало за набавка на гориво. Финансиските инспектори ја проверуваат целокупната документација.

Добивме насоки од страна на ОЈО – Скопје, за тендер кој што е во ЈСП врз основа на извештајот од Бирото за јавни набавки, добиени се насоки, ќе извршиме детални проверки, ќе ја анализираме целосната тендерска документација и врз основа на констатираното и на утврдената фактичка состојба ќе поднесеме соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство – Скопје, вели Слободан Ивановски, директор на финансиска полиција

Обвинителството, пак и даде насоки на финансиска полиција што треба конкретно да истражува. Се повеќе извесно е дека за тендерот на ЈСП за точење гориво некој ќе сноси кривична одговорност.

Реклама

Претходно Бирото за јавни набавки ја прекина последната постапка за набавка на нафта. ЈСП сами не си ги испочитувале условите што ги поставиле во тендерот – не смеело да има само една понуда зашто било предвидено негативно наддавање односно намалување на цената од страна на понудувачите. Но на крајот стигнале документи само од Пуцко Петрол кој побарал 100 денари плус ДДВ, буквално исто како пред две години кога му беше доделена двегодишна набавка вредна 27 милиони евра.

Овој скандалозен договор беше склучен во 2022-та кога ЈСП се обврза да плаќа 118 денари по литар иако цената во малопродажба тогаш изнесуваше 90 денари по литар.

Истражните органи треба да утврдат и дали ЈСП ги штелувало тендерите за тие да бидат доделени кај конкретна компанија со што би биле направени повеќе кривични дела.

Откако јавниот превоз во Скопје колабираше и автобусите на ЈСП останаа без нафта, директорот Драган Кушевски пропадна во земја и ниту еднаш не ја удостои јавноста со одговори.

Поради хаосот кој го направија ЈСП и Градот, Владата одлучи да даде државна нафта за градските автобуси која ќе биде доволна за наредните седум дена.

Во меѓувреме Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка за преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на нафта.