Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Биро за јавни набавки: ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на гориво

Од Бирото за јавни набавки денеска преку соопштение информираа дека поради тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Бирото за јавни набавки денеска преку соопштение информираа дека поради тоа што биле утврдени неправилности во тендерот на ЈСП за набавка на дизел, тој бил поништен. ОдБирото велат дека Јавното сообраќакјно претпријатие избрало неприфатлива понуда на јавната набака за гориво.

„Управната контрола, спроведена по сила на закон, откри дека избраната понуда не ги исполнува условите утврдени во тендерската документација, а кои самото ЈСП ги навело како задолжителни“, се вели во соопштението.

Од бирото појаснуваат дека управната контрола му дала и јасни инструкции ЈСП да ја стави вон сила одлуката за избор на понуда и да ја поништи постапката за набавка, согласно законот.

Реклама

Но ЈСП не ја искористило можноста да ги оспори инструкциите, бидејќи фактичката состојба е правилно утврдена и усогласена со законот.

Во однос на реакцијата од градот Скопје, кој преку соопштение ги обвини Бирото за политички мотиви, тие ги оценија изјавите како „непримерни и непрофесионални“.

„Наместо да шири клевети, градот треба да ги искористи законските можности за задоволување на итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка,“ се наведува во соопштението на бирото.