Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Започна изградбата на атлетска патека во спортскиот комплекс кај Касарната во Гевгелија

Гевгелија добива атлетска патека. Во присуство на министерот за спорт, Борко Ристовски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гевгелија добива атлетска патека. Во присуство на министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претставници на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија и други граѓани, денеска, се означи почетокот на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија. Имено, патеката, чијашто должина ќе изнесува 320 метра, со 4 траки и вкупна ширина од 5 метра, ќе биде изградена во спортскиот комплекс кај Касарната, согласно високи стандарди за спортска инфраструктура.

За само неколку месеци од најавата и присуството на министерот Борко Ристовски во општина Гевгелија за пуштање во употреба на спортското игралиште во Давидово, овој проект веќе станува реалност за гевгеличани. Градоначалникот Сарамандов изрази голема благодарност до него што ја прифати иницијативата на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ и што Министерството за спорт на Република Македонија обезбеди средства за реализација на овој спортски капитален проект.

Изградбата на новата атлетска патека има огромно значење за нашиот град, посебно за помладите генерации, од причина што Гевгелија за првпат ќе добие спортска инфраструктура што претставува основа за развој на секој еден друг спорт и што е од особено значење за помладите, но и за рекреативците- истакна Сарамандов.

Реклама

Притоа, потенцираше дека, изминатиот период, Општина Гевгелија вложи доста во модернизирање на целата спортска инфраструктура, со коишто зафати значително се подобрени условите за спорт и рекреација на подрачјето на цела општина Гевгелија.

Во градот и населените места, беа изградени и реконструирани 12 спортски игралишта со тартан и вештачка трева. Во тек е реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“ и истата ќе биде во ставена во функција во 2025 година– рече Сарамандов.