Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Работната посета на претседателот Гаши на НАТО

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, на иницијатива на Одделот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, на иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, предводеше Делегација од пратеници во работна посета на НАТО.

Во Делегацијата беа координаторите на Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски; заменик-координаторите на ВРЕДИ и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли; пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.

На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.).

Реклама

Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ.

Соговорниците споделија видувања за одржување на моментумoт во односите НАТО – Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош. Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 % од БДП за одбраната.

Беа реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија; со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика; Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции. На брифизните претседателот и Делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици.