Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството

Срамно е што опозициската СДС е против покачувањето на платите на вработените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срамно е што опозициската СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за нивно покачување и посветено работи за подобрување на состојбите во здравството, се вели во партиската реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат после долги години во Македонија има влада која има слух за здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа за здравството и здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ активно работи на подобрување на состојбите во здравството преку вложување во здравствените работници со цел нивно задржување во државата, како и преку осовременување на технологии и методите на лекување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка и консултации со синдикатите и синдикалните организации постигна историски договор за покачување на платите на здравството.

Потпишан е анекс на колективниот договор за коригирање на коефициентите од 0,233 за сите здравствени работници и од 0,364 коефициент за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар.

Реклама

Со корекцијата на коефициентите на вработените во здравството со кој сите медицинските работници, уште од следната плата ќе добијат покачување од 2.450 денари. За разлика од СДС која ги заборави во целост медицинските сестри и останатиот средно-медицински кадар, ВМРО-ДПМНЕ покажува особена грижа за овој важен столб во здравствениот систем, така што и до крајот на годината истите ќе добијат покачување на платите од 3.850 денари.

Освен покачувањето на платите од 10% кое што здравствените ќе го добијат годинава како резултата на корекцијата на бодовите од колективниот договор, покачување на платите во здравството од пет проценти ќе има и во март следната година. Покачувањето на платите на во здравството нема да застане тука, тоа продолжува и во следните 2026 и 2027 година каде што покачувањето се очекува да биде од 5-7% во зависност од кондицијата на буџетот, додека во 2028 година покачувањето на платите ќе биде од 7-10%, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова значи дека во четиригодишниот мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ платите на вработените во македонското здравство ќе биде од 40-50 проценти, додаваат од владејачката партија.