Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Шекеринска ќе биде заменик генерален секретар во НАТО: Ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, се наведува во изјавата на Руте.

Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава, се додава во информацијата објавена на страницата на НАТО.

Реклама

„Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Постоел општ консензус дека жена од Источна Европа треба да биде назначена на оваа позиција, па во игра беа Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел.