Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Македонија како прва земја до регионот потпиша со ЕУ договор за безбедносно и одбранбено партнерство

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Брисел заедно со високиот претставник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел го потпишаа договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија. Македонија е прва земја од регионот што потпишува ваков клучен договор.

Се очекува овој договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната. Инаку, како дел од досегашната соработка, ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд во септември годинава одобри 13 милиони евра помош, наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на македонската армија.

Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата.

Реклама

Како што соопшти советот на ЕУ, овие средства ќе ги зајакнат македонските капацитети за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на унијата, како и други меѓународни мисии и таа помош дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на блокот со земјава во областа на безбедноста и одбраната.