Реклама
Македонија

Студентите до јануари ќе знаат дали оброкот ќе се зголеми на 160 денари

Во јануари ќе се знае дали сумата за студентскиот оброк ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јануари ќе се знае дали сумата за студентскиот оброк ќе се зголеми на 160денари, најави денеска министерката за образование, Весна Јаневска. Во буџетот за 2025 се предвидени 30милиони евра или околу 18% повеќе средства за студентскиот стандард и нема дилема за покачување, сепак  во тек се преговори со студентите, кои бараат  проширување на опсегот, рече Јаневска..

Затоа што тие имат некаква поинаква идеја. Сметаат дека за 140ден. можат да добијат во одредени маркети и ресторани , комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот. На пример и студенти кои работат парт тајм, а се уште не постигнале одредена сума на средства, би можеле и тие. До крајот на годината, ние тоа ќе го дефинираме и веднаш ќе знаеме дали ќе добијат 160денари или ќе биде проширен опсегот„ изјави министерката за образование,  Весна Јаневска.

Министерката, Јаневска, посочи дека уште два приватни  Института, најверојатно ќе добијат клуч на врата, а за десеттина е донесено одлука, во рок од три месеци да ги отсранат  констатираните неправилности. Досега е направено ревизија на петнаесет, а во моментот се прави уште на пет Института.

Реклама

„Дополнително за два, деновиве веројатно ќе заврши процедурата и да бидат затворени. На десеттина Институти, им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, но според извештаите кои ги читав, многу малку од нив ќе може да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно ќе следи затварање на повеќе Институти, кои се нефункционални, не го почитуваат законот, не ги исполнуваат условите. И мислам дека е добро за високото образование и науката, конечно да воведеме ред„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Јаневска, најави дека се бара и решение за проблемот во Студентскиот дом „Пелагонија„ каде студентите се жалат на лошите хигиенски  услови, немањето топла вода и неквалитетната храна . Се очекува за два до три дена да биде именуван нов директор. Денеска министерката за образование ја посети штипската Гимназија„Славчо Стојменски„ за да ги види резултатите од едносменското работење .

Александра Ристевска