Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Историски договор: Вработените во здравството ќе добијат покачување до 50% во следните четири години

Владата почна да ги исполнува ветувањата за ставање на јавното здравство на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата почна да ги исполнува ветувањата за ставање на јавното здравство на здрави нозе. Првиот чекор е напаравен кон луѓето, кои се грижат за здравјето на граѓаните.Здравствените работници ќе добијат ноемвриска плата, повисока за за 10 проценти, или прикажано во денари,  нето платата ќе биде зголемена за 2.450 до 3.650 денари. Премиерот Мицкоски по средбата со здравствените синдикати, најави, дека ова покачување е само почеток, а растот на платите во здравството ќе се се одвива континуирано во следните четири години. Според планираното до 2028 година докторите, медицинските сестри, болничарите и техничкиот персонал ќе земаат до 50 проценти повисоки плати.

„Следната 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција и работиме на тоа, зошто да не одиме на горната граница. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во 2027, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период, помеѓу 45 и 50 проценти“, рече премиерот.

За синдикалците ова покачување на платите е историск и  ќе биде силна мотивација за сите кои работат во здравствениот сектор, но и прв чекор за подобрување на здравствената грижа на пациентите.

Реклама

“Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно медицинскиот кадар кој го превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето” истакна Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

“Сите овие покачувања се резултат на напорната работа на двата репрезентативни синдикати и заедно со Владата претставуваат одговор на барањата за подобри услови за работа и мотивација за уште поголема посветеност на нашиот секојдневен труд” – рече Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – Скопје.

Задоволство од покачувањата на платите изразија и од Независниот синдикат за здравство.

“Владата беше доблесна, ги сослуша нашите маки и сака да ги среди работите. Наредните четири години ќе дојде до покачувања до 50 насто на платите за сите вработени, од административно-техничкиот до медицинскиот персонал“, рече Боби Бојчевски,претседател на Независниот синдикат на здравствени работници.

Единствени незадоволни од покачувањето на платите во здравството се СДСМ, кои тврдат дека во нивото седум годишно владеење платите во јавното здравство се зголемиле за 100 проценти.