Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Бајрамовка: Врсничкото насилство сè повеќе е присутно во основните училишта

Ученик тепан и злоставуван од соученици во училиште во Охрид, 15 –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ученик тепан и злоставуван од соученици во училиште во Охрид, 15 – годишник од Скопје со нож сериозно повредил двајца малолетници, во два одвоени инциденти, во училиште во Аеордром татко на ученик пријавил дека син му бил физички нападнат од соучени – ова се само дел од инцидентите кои се пријавени во изминатиот месец. Врсничкото насилство, или таканаречениот булинг, од година в година зазема сè поголем замав, а особено е присутен во основните училишта.

Децата секојдневно се жртви и подложни на сериозни напади, потсмевувања и омаловажувања, од соученците, но, она што најмногу загрижува е тоа што возрасните и надлежните, сè уште не можат да ги препознаваат ваквите облици на насилство.

„Нашите посети во училиштата покажуваат дека ние сè уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа со поддршка на проектот ЕУ за владеење на правото, одлучивме преку видео да започнеме кампања за подигање на свесноста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство“, рече државниот советник во канцелараијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа.

Реклама

Учениците велат дека насилниците обично сакаат да доминираат, исмевајќи ги поповлечените деца. Досега триесетина преставки стигнале до народниот правобранител и најчесто во дел од случаите станува збор за физичко насилство.

„И во нашите годишни извештаи и сега и секогаш кога станува збор за врсничкото насилство, ставот на народниот правобранител е дека мора да се укаже на штетните последици од врсничкто насилство. Мораме децата од мали нозе да ги воспитаме и едуцираме, дека конфликтите се решаваат преку дијалог“, рече Васка Бајрамовска Мустафа.

Статистиката покажува дека бројката на пријавени случаи на врсничко насилство и оваа година е поголема во однос на минатите. Врсничкото насилство е сериозен проблем, смета Бајрамовска, затоа што може да остави последици врз менталното здравје на учениците и затоа постојано мора да се работи на зајакнување на капацитетите на децата за пријавување на ваквиот тип на случаи.

Љубиша Владимиров