Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Жалопојките на Ахмети не палат ни на Косово: Изјавата на Курти за албанскиот јазик го разгневи ДУИ

Пропадна и последниот обид на интегративците да најдат закрила кај Алабанците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропадна и последниот обид на интегративците да најдат закрила кај Алабанците во регионот и некој да им ги брише солзите што се во опозиција. Позициите на косовскиот премиер Албин Курти предизвикаа политички земјотрес во Мала Речица. Не стивнуваат реакциите откако официјална Приштина ја урна тезата на интегративците дека во Македонија владее антиалбанско расположение, а правата и јазикот на Албанците се загрозени.

Лидерот на ДУИ,Ахмети, реагираше до премиерот на Косово,Курти. Охридскиот договор бил постигнат со крвта на мачениците и оживеан од УЧК и немало да толерираат тој да биде погоден.

Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на Ослободителната војска на Косово кои го продолжија својот идеал во ДУИ. Додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор, порачал Ахмети на средба со симпатизерите во Бутел.

Реклама

Оваа реакција на Ахмети доаѓа откако вчера Курти на заедничката прес конференција со премиерот Мицкоски, рече оти не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Македонија. Прашан за незадоволството на ДУИ, Курти истакна дека политичката ротација е здрава работа и не треба да се води битка само за функционерките фотељи, туку да се водат битки за идеи.

Ова го вознемири и поранешниот министер за надворешни работи. Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Дукаѓини ја критикуваше вчерашната средба на двете влади, на која, според него, била легитимирана антиалбанската политика што преовладува во Македонија. Изјавата на Албин Курти, според него била штетна и скандалозна.

Изјавата на Курти за јазиците беше скандалозна, многу штетна и охрабрувачка за сите оние кои сакаат да го уништат Охридскиот договор, особено неговата поента, албанскиот јазик. Последново е едно од прашањата регулирани со измената на Уставот по Охридскиот договор во 2001 година. 15 години не можеме да најдеме правилен компромис за правилно толкување во Охридскиот договор,  вели Османи во изјава за косовската телевизија Дукаѓини.

Ниту е загрозен јазикот, ниту изјавата на Курти е скандалозна. Арбен Таравари од „Вреди“ вели дека косовскиот премиер бил коректен.

Премиерот на Косово Албин Курти беше коректен, тоа не е законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија службен јазик е македонскиот јазик, а во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка како Албанец е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлече од Уставот, формулацијата „20%“, рече Таравари во емисијата „Интерактив“ на КТВ.

Oд Коалицијата на Таравари велат дека Курти кажал горчлива вистина за Законот за јазиците, ама стариот режим преку ширење на паника дека наводно дека албанскиот јазик бил загрозен, само се обидувал да ја избегне одговорноста за нивните злоупотреби.

Неможејќи да се навикнат на одењето во опозиција, постојано реториката на ДУИ се движи од закани за дестабилизација до подгревање на национализмот, како наводно Албаницте во владата предводена од Христијан Мицкоски, имале нелегитимни претставници.