Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со кинескиот в.д. амбасадор Суј Леј

Потпретседателот на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците, г.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, предводена од в.д. амбасадорот, г. Суј Леј.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а и вицепремиерот и министер Стоилковиќ и в.д. амбасадорот Леј изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна в.д. амбасадорот Леј и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата на Македонија. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници ја изразија желбата за нејзино дополнително стимулирање. 

Реклама

Кинескиот амбасадор истакна дека неговата земја е отворена за соработка со Македонија и македонските граѓани, со посебен акцент на фактот дека меѓу кинеските компании постои расположение за учество во капитални проекти, но и за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми. Воедно како доказ за одличните релации меѓу двете земји в.д. амбасадот на НР Кина го најави и олеснувањето на визниот режим за македонските граѓани и податокот дека во иднина издадените визи ќе бидат со важност од пет години. 

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, а дека искуството на Кина како земја на различности треба да послужи како добар пример во регионот.