Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

МОН: Потпишан Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните.

Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и АрбериеНагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани.

Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни.

Реклама

Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.