Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Граѓаните на Скопје и денеска мрзнеа по автобуските постојки

Секна горивото на ЈСП. Иако од Град Скопје доцна синоќа во соопштение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секна горивото на ЈСП. Иако од Град Скопје доцна синоќа во соопштение најавија редовни линии, и денес автобус се чека со часови, а на постојките се забележува како голем број на граѓани нервозно чекаат навреме да стигнат до планираната дестинација. Директорот на ЈСП Драги Кушовски не одговара на повиците, а високи извори од ЈСП за АЛФА брифираат дека автобусите за викендот доцнеле поради недостиг на гориво, а денес сообраќаат само половично.    

На автобуските постојки владее метеж, граѓаните измрзнати и револтирани. Голем дел од нив кои имаат извадено месечени билети за 1800 денари  се принудени да користат такси услуги, доцнењето на работа или факултет им станува секојдневие.

Реклама

“Со саати чекаме автобус, секој ден” нервозно одговори граѓанка

“Чекаме автобуси ама на 40 минути доаѓаат. Саботата навечер немаше автобус, вчера пак немаше автобус, цели два часа чекавме” изјави граѓанка

“Каснат, со 70-ка патувам, измрзнав додека го чекам, измрзнав” бурно одговори граѓанка

“Автобуси чекаме и по 30/40 минути и не доаѓаат. Превозот е катастрофа ништо не функционира како што треба, се случува да влегуваме во други автобуси за да стигнеме на работа” изјави граѓанин

“Секој ден чекаме исто, 40 минути, саат, некогаш и саат ипол за автобуси до Центар, Драчево, Аеродром, катастрофа е” изјави граѓанка.

Само во последните две години ЈСП има добиено субвенции во висина од околу 23 милиони евра со кои требаше да се надминат  проблемите, автобусите редовно да сообраќаат, вработените навремено да добиваат плата, што впрочем беше и ветено од Град Скопје. Но за жал сликата остана непроменета. Вработените во неколку наврати штрајкуваа поради доцнење на плати, автобуси редовно нема.

Инаку, Официјален став за настанатиот хаос побаравме и од Град Скопје, но вообичаено оттаму не добивме одговор, а со самото тоа останува и неодговорено до кога  граѓаните ќе бидат приморени измрзнати со часови да чекаат на постојките.

Даниел Ѓорѓевски