Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Опозицијата му паѓа тешко на Али Ахмети: Сега му пречи што премиерот не е од ДУИ

На Али Ахмети му смета што неговата партија нема шанса да стигне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Али Ахмети му смета што неговата партија нема шанса да стигне до премиерското место или пак, што актуелниот премиeр, како минатите, не игра како што тој свири. За него, ова, но и расчистувањето на партиските кадри на ДУИ низ институциите, било уназадување на правата на сите Албанците. Помош за ова бара од косовската влада, која одржа заедничка седница со македонската.

-Од нула учество во јавната и државната администрација, Албанците успеаја да создадат историја со изборот на првиот премиер Албанец во Македонија. Ова не беше само триумф за Албанците, туку и победа за идејата за еднаквост меѓу народите и дека секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, заслужува еднакви можности. Денес, овие достигнувања се во опасност од уништување, велат од ДУИ.

Ахмети кажа дека побарал од косовскиот премиер Албин да разаговара со Христијан Мицкоски за овие проблеми.

Реклама

-Испратив повик, апел до Владата на Косово да ја пренесе загриженоста на Албанците од Македонија до премиерот на Македонија и упатив апел до сите политички партии во Косово да ја разгледаат загриженоста на Албанците од Македонија за обидите за промена на законот за јазиците, промена на договорот, суштината на Охридскиот мировен договор. Да не бидеме рамнодушни, бидејќи нашите историски заложби беа заеднички, во однос на обезбедувањето на слободата, изградбата на државата Косово и во однос на политичко-правниот статус на Албанците во Македонија, вели Ахмети.

Од коалицијата „Вреди“ пак велат дека промената на власта донела до зајакнување на односите меѓу Македонија и Косово.

-Со доаѓањето на ВРЕДИ ВО Владата на Македонија, односите меѓу двете држави само се продлабочија и соработката се зголеми. кога со земјата управуваат вистинските луѓе, не недостасуваат правилни одлуки. Оттука, одлуката на Владата на Македонија да ја одржи првата меѓувладина средба во Приштина е една од најдобрите одлуки што докажува дека нашата земја е заинтересирана и вложи напори за градење на односи на задоволително ниво со соседите кои не опкружуваат, потенцираат од партијата на власт, велат од Вреди.

Националистичката реторика последниов период станува еден вид заштитен знак на ДУИ, Ахмети дури и кажа дека Албанците ќе станеле на нозе, доколку Уставниот суд донесел одлука за измени или укинување на законот за јазици.

Матеја Петровски