Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП кој се движел по рутата од скоското село Раштак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автобус на ЈСП кој се движел по рутата од скоското село Раштак кон Булачани се преврте во провалија, поголема несреќа спречила нерасчистената вегетација и дрвјата. Во момент кога пристигна екипата на АЛФА на местото на несреќата автобусот сеуште беше превртен. Ги затекнавме службените лица на ЈСП кои не сакаа да дадат било какви информации за несреќата. Дрскиот однос на присутните вработени во јавното претпријатие беше единственото во комуникацијата.

Што точно се случило на патот засега е нејасно. Дали станува збор за човечки фактор или технички проблем допрва треба да се утврдува. Информации за несреќата побаравме и од дирекор на ЈСП Драги Кушовски кој не одговори на телефонските повици, а одговор  до објавување на овој прилог не добивме ниту од одделение за односи со јавност во јавното скопско претпријатие.

Инаку, ова не е прв случај автобус на ЈСП да ја загрози безбедноста на граѓаните. Автобус кој сообраќал кон Бутел се запали при возење, а друг заврши во жардињера кај трговскиот центар Мавровка кога имаше и повредени патници. Јавноста повеќепати беше сведок и на јавни реакции на вработени во претпријатието кои алармираа дека автобусите се сервисираат нередовно а дел од нив имаат технички проблеми.

Реклама

Последниот случај од Раштак само ја прелива чашата и ја отскликува состојабата, но и неспособноста на надлежните да стават карј на хаосот. Наместо решенија, единствено што досега се случи е смена на повеќе дирекртори во ЈСП кои не најдоа решение за проблемите.

Реакција за лошиот јавен превоз има и од министерот за транспорт и врски Александар Николовски кој ги повика граѓаните на трпеливост и најави системски промени во Јавното Скопско претпријатие по локалните избори.

Даниел Ѓорѓевски