Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Пожарот на Галичица однесе во неповрат непроценливо шумско богатство

Пожарот кој што половина месец деноноќно дивееше во Националнот парк Галичица, неповратно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот кој што половина месец деноноќно дивееше во Националнот парк Галичица, неповратно уништи значаен екосистем.Непрегледни површини претворени се во пепел,а нема ни спомен од најубавата шума на падините на Галичица. Огнот ја однесе најубавата шума на северните падини од строго заштитената зона на Националниот парк. Се упативме кон највисокиот врв на Галичица, Магаро, а сликата е повеќе од очајна.

“И по три месеци од избувнувањето на големиот пожар на Галичица,се чувствува непријатна миризба.Пламените јазици оставија пустош зад себе на најубавата планина од која што се гледаат Преспанското и Охридското езеро.Доколу се упатите кон Магаро,наместа се губи патеката доколку не ја пратите маркацијата”

Попатно сретнавме голем број планинари домашни и странски, кои опиени од планинската убавица го свртуваа погледот од ужасната глетка. Пламените јазици проголтаа над 6.500 хектари површина. Буквално е пеплосана цела Стара Галичица и ова е најголемиот пожар што некогаш го зафатил планинскиот масив.

Реклама

“Каде имаше пожар, овде? Не сум слушнал,забалежав пепел, уништена вегетација, но не помислив дека се случило такво нешто. И во Грција има често пожари, така што мора да се води повеќе грижа за планините, тие се национално богатство. Навистина штета, Галичица е многу убава планина” – вели планинар од Грција.

Со натчовечки напори беспоштедно 19 од 39-те професионални пожарникари, доброволци,планинари,членови на служби за спасување се бореа со огнената стихија.

“ Беше тешко бидејќи овие пожари се од огромни размери со огромна горлива материја на одредени простори, особено во националниот парк Галичица со тежок непристапен терен. Имаше преку 150 учесници,сега јавно ќе кажам од нив повеќето доаѓаа да се сликнат,малку беа зафатени од еуфорија. Дел беа неподобни, а целата одговорност доколку би се случила некоја несреќа ја имам јас и таквите јас ги одвраќав”- вели  Борко Јанкулоски,командир на ТППЕ Охрид.

Јанкулоски укажува дека до сега никој не понесе одговорност, ниту се откриени подметнувачите на пожарите кои ја зафатија Галичица. Инаку општината најпожртуваните пожарникари ги награди парично со по 20.000 денари, а обезбеди и новазаштитна опрема за дејствување на шумски пожари. На почетокот од идната година ќе добијат ново противножарно возило со носивот од 8 тона.

Росица Голабоска