За премиерот Христијан Мицкоски, борбата со криминалот и корупцијата не познава ниту политичка припадност, а уште помалку, етничка. За сите за кои ќе има докази ќе одговараат порача Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање по обвинувањата на ДУИ дека во институциите се случувало етничко чистење на албанците.