Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Меџити на денешен состанок за подготовка на новата Рамка меѓу ОН и Македонија

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес учествуваше на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој за петриодот 2026–2030, меѓу Обединетите Нации и Република Македонија.

Првиот вицепремиер Меџити на состанокот на кој беше присутен претседателот на Владата Христијан Мицковски и министрите, ги претстави приоритети на Министерството  за животна средина и просторно планирање значајни за одржливиот развој кој е актуелен процес, во насока на подобрување на еколошкиот, економскиот и социјалниот аспект.

„На идните генерации треба да им оставиме избор од подобри можности, како и стабилен балансиран социо-економски развој, кој треба да овозможи пошироко поле за човекова активност, а сепак да ги почитува границите на природата и животната средина и да нема негативни ефекти врз човековото здравје“, изјави Меџити.

Реклама

Република Македонија, рече Меџити, како држава-кандидат за полноправно членство во Европската Унија е исправена пред предизвиците на ефикасното спроведување на сериозни реформи во општествениот систем од кои особено значење за нејзиниот севкупен развој има животната средина.

„Со усвоените документи на национално ниво и нашето одобрување кон Зелената Агенда на Западен Балкан, нашата држава го препозна потенцијалот на зелениот раст и развој.  Знаејќи го влијанието на климатските промени, политиките на Владата треба да се насочат кон поодржливи политики, детерминирани и проектирани во националните стратегии“, изјави Меџити на состанокот, додавајќи дека секторските приоритети во областа на животната средина и климатските промени се целосно усогласени со Европскиот зелен план и Зелената Агенда за Западниот Балкан.

Меџити ја нагласи неопходноста од преземање на координирана акција на локално, регионално и глобано ниво, за превенција, намалување и ублажување на штетните влијанија врз животната средина.

На денешниот Состанок на високо ниво беа присутни владиниот кабинет и постојаната претставничка на Канцеларијата на Обединети Нации во Македонија, Рита Колумбија заедно со претставниците на агенциите на Обединети Нации во нашата земја.