Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Мицкоски: Огромни придобивки од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ЕСМ и азербеџанскиот енергетски гигант „СОКАР“

Напорите на власта за набавка на природен гас по пониска цена ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напорите на власта за набавка на природен гас по пониска цена ќе вродат со плод, убеден е премиерот Христијан Мицкоски. Најнов показател за ова е потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу ЕСМ и Азербејџански СОКАР. Соработката со овој гигант ќе придонесе за поголема енергетска ефикасност на Македонија.

СОКАР е огромен гигант како компанија и веќе доставува повеќе од 20 милијарди нормални кубни метри гас во шест земји во Европа до овој момент и таа бројка се зголемува сега и со нас. Преку СОКАР, ЕСМ се снабдува во последниот квартал од оваа година со гас за затоплување и производство на електрична енергија – рече Мицкоски во одговор на прашање по завршувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција – МАТТО.

Владата преговара со потенцијални инвеститори како на поедноставен начин да се донесе гасот во државава за најевтино централно затоплување, но исто така и да се изградат когенеративни гасни построки. Овој план ќе помогне во борбата против аерозагадувањето.

Реклама

Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. „Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино, преку градба на когенеративни гасни постројки кои што во текот на зимата кога ни треба ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини коишто денеска користат сосема поинаков енергенс којшто за жал емитува ПМ2,5 и ПМ 10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето, рече премиерот Мицкоски.

Енергетскиот и економскиот развој беа главни теми и на бизнис форумот во организација на македонско-турската стопанска комора. Владините претставници и стопанствениците од двете земји дискутираа за зголемувањето на соработката на релација Скопје-Анкара, посебно во делот на економијата, енергетиката, здравството, туризмот.

Учесниците на форумот се согласија дека поврзаноста на бизнисот и владата може да придонесе многу и да го подобри животот во Македонија преку зајакнување на економијата, бројни инвестиции, отворање нови работни места.