Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Прилози

Реконструкција на спортската сала во Радовиш

Спортската сала во Радовиш, ќе добие комплетно нов лик. Се планира до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортската сала во Радовиш, ќе добие комплетно нов лик. Се планира до крајот на годината целосно да завршат реконструктивните зафати, најави денеска министерот за спорт, Борко Ристовски. Градежните зафати ќе чинат околу 20милиони денари и е предвидена целосна санација на подот, трибините и соблекувалните. Дополнително Локалната самоуправа, ќе ги реновира тоалетите и инфраструктурниот дел околу салата.

„Тоа е патот по кој решивме да одиме. Не можеме да бараме базичен спорт, а уште помалку врвен спорт ако немаме основни услови за функционирање. Радовиш, секогаш е бил спортски град и со задоволство го прифативме проектот на градоначалникот, за оваа култна сала да ја вратиме таму каде што и е местото„ изјави министерот за спорт ,Борко Ристовски.

„Денеска сме сведоци на отпочнување на градежните активности на спортската сала која за Радовиш, значи многу. Овде се случуваат сите тренинзи, сите спортски и културни настани и радовишани, конечно после 20години ќе го вратат сјајот на салата„ изјави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.

Реклама

Ристовски  се осврна и на скандалот што го предизвикаа женските ракометни клубови на Скопје и Гевгелија, на кои веќе им се одземени лиценците. Тој, рече дека ова ќе биде показна вежба за сите оние кои во иднина ќе пробат да ги  нарушуваат основните начела и вредности на спортот. Во меѓувреме активна е исплата на ваучерите за спортските клубови. Променети се критериумите, со што нема застој  во исплаќањето на средствата.

„Тое се тие критериуми кои воопшто не  беа јасни и беа користени да се помагаат одредени клубови или спортови кои беа блиски до власта. Сега тоа заврши, еден од најважниот критериум е пласманот на табелата„ изјави Ристовски

Министерот Ристовски,  најави дека во план е реконструкција и изградба на дваесеттина мултифункционални спортски игралишта, како и изградба на нова сала во Воената академија. Истовремено ќе се отпочне со реновирње и на спортската сала Расадник,  како и на спортската сала во Општина Ново Село. 

Александра Ристевска