Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Aндоновски: Mакедонија повторно е на мапата на странски инвеститори, во 2025 очекуваме позитивни поместувања

Трката по профит и корупцијата го уништуваат системот,  особено во дигиталната сфера,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трката по профит и корупцијата го уништуваат системот,  особено во дигиталната сфера, а тоа значи сајбер напади и изгубени податоци на штета на граѓаните. Министерот Андоновски најавува реформа која ќе стави крај на злоупотребите. Со предлог законот, за кој Андонвски се надева дека Собранието ќе го изгласа на почетокот на следната година, се очекува системите во инстуциите да станат имуни на интернет напади.

„Но не само во јавниот сектор, не само во државните институции туку сметам како што до денеска приватните компании имаа секоја од нив ангажирано сметководител, или адвокат, сега секоја од нив ќе мора да ангажира ИТ професионалец, или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега ќе биде задолжително за да може да се справуваат, со предизвиците за да го направат тоаод денеска па натаму“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Андоновски рече дека освен инвестициите дома, во капитални проекти, Македонија се враќа и на стратегијата за привлекување странски инвестиции. Во 2025 година најави позитивни поместувања, а фокусот ќе биде на американските инвеститори од кои веќе има многу позитивни сигнали. 

Реклама

„Во разговори сме со неколку американски компании јас ќе присуствувам во САД на почетокот на декември, ќе имам уште дополнителни состаноци со американскиот приватен сектор во областа на дигитализацијата на сајбер безбедноста. Македонија повторно ја ставаме на мапа на странските инвеститори и мислам дека ќе има многу позтивни поместувања во 2025 година што се однесува до странските инвестиции кои што треба да дојдат во Македонија, особено американските затоа што кога развивате квалитетен пазар кога се борите против корупција кога создавате систем тоа го препознаваат“, изјави министерот за дигитална трансфорамција Стефан Андоновски.

На конференцијата во организација на Американската стопанска комора, присуствуваа повеќе од 150 учесници од бизнис заедницата, владини институции, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и професионалци од ИТ индустријата.

Љубиша Владимиров