Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Министерот Минчев на министерски панел во рамки на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ)

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, учествуваше на министерски панел во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), кој се одржува во Тирана, Албанија.

Настанот е организиран од Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

Во своето излагање, министерот Минчев ги истакна придобивките на Република Македонија која како членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година, значително придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во јавните политики.

Реклама

„Задоволство е да се биде дел од овој Регионален состанок посветен на Партнерството за отворена власт, иницијатива која направи видливи разлики во нашите општества и претставува инспирација за изнаоѓање на иновативни решенија за новите предизвици пред кои сме исправени,“ – истакна министерот Минчев.

Во однос со напорите на Република Македонија во областа на антикорупциските политики и градењето на доверба во институциите, министерот потенцираше дека реформата на јавната администрација е основа за ефикасно и одговорно владеење.

„Нашата заложба е насочена кон создавање модерна, професионална и транспарентна администрација, каде што административните службеници работат одговорно и се посветени на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните,“ нагласи министерот Минчев, додавајќи дека донесувањето на новите законски решенија се одвива преку инклузивен процес во соработка со граѓанското општество и експертската заедница, што придонесува за намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста.

Како посебен успех, министерот Минчев ја издвои подготовката на шестиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година.

„Оваа година, во процесот на креирање на Националниот акциски план активно учествуваа претставници од граѓанскиот и јавниот сектор. Планот е насочен кон транспарентност, отчетност и содржи посебни заложби за отворена влада, отворен парламент и отворено судство”,“ – посочи министерот Минчев.

Министерот Минчев ја истакна и важноста на постојаната соработка со граѓанските организации и граѓаните во справувањето со актуелните предизвици и унапредувањето на доброто управување. Тој нагласи дека Владата на Република Македонија организира редовни јавни консултации и дебати, преку кои се создаваат можности за граѓаните да дадат свој придонес во процесите на креирање јавни политики.

„Владата работи на одржување на транспарентен и инклузивен дијалог со сите засегнати страни, што овозможува поголема отчетност и креативност во решавањето на сложените предизвици,“ – изјави министерот.

Ова учество на министерот Минчев во регионалниот состанок на ПОВ дополнително го потврди ангажманот на Република Македонија за развој на инклузивно и отчетно општество, преку продлабочена соработка со граѓанското општество и активно вклучување на граѓаните во јавните политики.