Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

По 80 години на Скопје му треба ново ослободување

13 ноември, 1944 година во Скопје допре сонцето на слободата, треатата, осмата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

13 ноември, 1944 година во Скопје допре сонцето на слободата, треатата, осмата, дванаесеттата и шеснаесетата македонска бригада во јуриши и борби гради-вгради ја ослободија престолнината. Македонците се изборија за своите правдини, над Скопје огреа ново сонце на слободата, а градот почна да живее, да расте и да се развива низ годините, но и да се соочи со бројни природни и човечки катастрофи, но одново да се издигне и да биде симбол на слободна Македонија.

Осумдесет години подоцна метрополата не наликува на себе,последните неколку години главниот град е оставен на забот на времето.  Руинираните културни добра, плоштади, ѓубре по улиците и лошо јавно осветлување,  ја надополнуваат црната хроника со фактот дека е меѓу топ петте најзагадени градови во светот, со зоолошка градина во која поради негрижа умираат егзотични животни, главен град со лоша патна инфраструктура и без редовен јавен превоз.

Граѓаните се на став дека во главниот град мора да се случат драстични промени, проблемите со кои се соочуваат ги има на број, решение во блиска иднина на барем дел од нив не очекуваат, вината ја гледаат во градската администрација која целосно го измени изгледот на метрополата.

Реклама

“Било некогаш, денес не. Мислам дека треба да се преземат мерки, луѓето се гушат во загаден воздух. Има и кучиња кои што напаѓаат, луѓето се плашат” кажа граѓанка

“Многу нешта на Скопје му фали, јас сум роден и израснат во Скопје и во сегашно Скопје сум разочаран, никој не води грижа од тие што се дебело платени” кажа граѓанин

“Нема зеленило помеѓу улиците, воздухот да дувне ветер па да биде добар” кажа граѓанин

Став за проблемите кои ги адресираа граѓаните побаравме и од Град Скопје, но, до објавување на овој прилог одговор не добивме, а со самото тоа останува отворено прашањето до кога Скопје ќе биде лидер на листите од црните хроники. А ние остануваме да се надеваме дека над градот како и во минатото така и во блиска иднина повторно ќе изгрее ново сонце на слободата!