Економски развој, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и зачувување на македонскиот национален идентитет. Ова се главните приоритети на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Со стратегијата која почива на три столба – силна држава, економска ренесанса и демографски развој, може да биде постигната целта – земјава да биде подобро место за живеење, во кое младите ќе останат, иселените ќе се вратат. За битката на овие три фронта, ќе биде потребно зајакнување на институциите, борба против криминалот и дистинкција помеѓу политиката и бизнисот – политичарите да се занимаваат со политика, бизнисмените со бизнис. Ќе биде потребна стратегија за зајакнување на економијата, и нулта толеранција за корупцијта.
Ни треба јасна порака, која од нашата мала татковина но со големо срце ќе ја испратиме насекаде низ светот. Ние ќе направиме се, стратегија како да се зачува. Големите прават тоа што можат а малите тоа што мораат. Ние, барем тоа што е до нас, да го направиме. Убеден сум дека овој стратешки пристап, со најголемите умови, ќе постигнеме. Економска ренесанса и брз економски развој како држава. Потребни се неколку предуслови. Нула толеранција за криминалот и корупцијата. Политичарите да се занимава со политика, бизнисмените со бизнис. Зошто е важна силна економија и силна држава? Сигурен сум, дека со силна држава, ќе се појават и осознаат многу, илјадници луѓе, кои за жал биле жртви на некаков вид асимилација. Ќе им текне дека некоја нивна баба, мајка, дедо, татко, биле Македонци. Ако се поткусуруваме, нема да им текне. Демографија – суштина на подобрување на животот. Патриотски чин, да создаваат заедница, да се борат за својата нација, рече премиерот Мицкоски.
За еден од главните приоритети – членството во Европската Унија со зачувување на националниот идентитет, поле на кое досега земјава беше многу пати понижувана и уценувана од соседите, Мицкоски е дециден дека ќе ги брани интересите на Македонија и внатре и надвор и нема да води сервилна политика како што тоа го правеле неговите претходници. Новиот поцврст однос кон Бугарија се чувствува уште од доаѓањето на власт, а стана очигледен кога, за разлика од владата на СДСМ и ДУИ, Мицкоски ја урна фалсификуваната теза на официјална Софија дека за време на ВСВ Македонија не била окупирана, туку само добила администратори.

Слободата која денес ја живееме неодминливо беше платена со жртви и човечки страдања, и ние таа ја извојувавме со сопствени сили и наспроти тенденцијата за прекројување на историските читанки и читањето на историјата во зависност од поединечните интереси, вистината е само една, единствена и неделива. Немаше администратори, туку окупатори, и таа историска борба не беше против одредени народи, ниту против одредени држави туку против фашистички режим кој беше поразен од Европа и слободарските народи, меѓу кој беше и македонскиот, рече Мицкоски.
Мицкоски порача дека пред Македонија стојат многу предизвици, но со решителност и цврсти позиции, може да се изоди патот и како што рече, да се изгради државата за која сите сонуваат.
