Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Деспотовски за Алфа: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата.

-Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време, изјави Деспотовски. 

Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала.

Реклама

-Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци, изјави Деспотовски.

Освен Венко Филипче кој што беше избран за претседател, СДСМ во моментов се уште нема раководство. Новите структури треба да се изберат на 24 ноември на конгрес. Деспотовски вели –

-Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново, изјави Деспотовски.

Деспотовски беше и кандидат за претседател на СДСМ, на последните внатрепартиски избори.

Матеја Петровски