Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Муцунски оствари средба со амбасадорот на Француската Република

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

Оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.

Реклама

Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност.