Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои ќе ги реализира Bладата.

-Ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции. Тоа го гледате и во општините и на терен, скоро бевме тука како би ја отпочнале реализацијата за Коридорот 10д, кој автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици илјади евра пенали поради катастрофалниот договор на претходната влада. Или второто беше да работиме и да го забрзаме процесот и што побрзо да се реализира. Ние одлучивме второто да го направиме, бидејќи сакаме да имаме автопати, тие се дел од нашата програма и бевме свесни дека мора два пати повеќе да работиме за да можеме да ја стигнеме динамиката, да го надоместиме тоа кое беше испуштено до претходната влада.

Ова го истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по денешната посета на Тутунски комбинат АД Прилеп, во одговор на новинарско прашање, во однос на капиталните инвестиции.

Реклама

-Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се подготвува, за четвртата Требениште-Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од делницата е во периметар кој е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели, работиме и на тоа. Не работиме двапати побрзи чекори, направивме 4 пати побрзи чекори. На потегот од Прилеп до Битола од 1200, 1300 парцели- 850 веќе се решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, така што сите капитални инвестиции се реализираат и за следната година во буџетот се предвидени околу 50,5 милијарди денари.

Мицкоски подвлече дека за разлика од претходно, сега има вистински реални капитални инвестиции и обзнани еден податок.

-До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капиталн иинвестиции беа 3:1, 18 милијарди на 6 милијарди, заклучно со октомври буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19 милијарди. До крајот на годината би требало да се спојат.