Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести, ЈО да отвори случај

СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.

Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?

Реклама

Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?

Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?

ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има, рече Петрушевски.