Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бајрамовска: Лицата со аутизам ги нема во законот за вработување и не можат да ги користат бенефициите

Лицата со аутизам се изоставени од постојниот закон за вработување на ивалидни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицата со аутизам се изоставени од постојниот закон за вработување на ивалидни лица и немаат право да ги користат придобивките и бенефициите што ги носи овој закон. Ова денеска го посочи заменичката народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, на меѓународната конференција „75 години организирана едукација, рехабилитацвција и вработување на лицата со попреченост во Македонија“.

„Ако го согледувате правилникот за лицата, односно за постапување согласно функционалната проценка, каде што се наведени видовите на попречености, типовите на попречености, аутистичните лица се наброени, меѓутоа во законот за вработување на инвалидни лица, во дефиницијата за тоа за кого се однесува законот, овие лица се изоставени“, рече заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа

Бајрамовска рече дека од 2019 година ги следи состојбите со лицата со попреченост и објаснува дека за жал нема подобрување во однос на вработуањата на овие луѓе во администрацијата, но и отворање сопствени бизниси.

Реклама

На конференцијата учествуваше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој рече дека неговата општина е првата која има обезбедено сензори во училиштата и вработено лица со даунов синдром и оштетен вид.

„Ние сме првата општина во државата која што обезбеди сензорни соби во сите училишта, ние сме првата општина која што во државата вработи лице со даунов синдром, а имаме вработени и лице кое што има оштетен вид. Ние сме општина која што обезбеди тактилни патеки, пристапност, прво во институцијата и тоа е она што првенствено сите треба да го направиме во сите институции“, рече градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски

„Мораме да ги отвориме вратите на сите институции, мора лицата со попреченост да влезат во сите институции во државата. Мора да добијат квалитетно образование пред се, кое што треба да биде инклузивно и квалитетно“, рече претседателот на сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори Горан Петрушев

Инаку конференцијата по повод 75 години организирана едукација рехабилитација и вработување на лицата со попреченост трае два дена, со цел да се отворат клучните предизвици преку експертски дискусии.

Љубиша Владимиров