Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Судски совет ќе проверува дали има одговорност на судијата Пајазити за бегството на Блерим Рамадани

Судски совет ќе утврдува одговорност кај судијата Пајазит Пајазити во врска со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судски совет ќе утврдува одговорност кај судијата Пајазит Пајазити во врска со куќниот притвор на поранешниот командант на УЧК, Блерим Рамадани кој избега на Косово, потврдуваат за Алфа информации оттаму.

На вчерашната седница советот ја прифатил иницијативата на членот Александар Камбовски кој ја предводеше комисијата за одговорност на судијата Пајазити. Во нареден период следи расправа на советот на која одбрана ќе изнесе судијата и ќе одговори на кои сменети околности се повикал кога му дозволил на Рамадани притворот да го издржува кај куќни пријатели.

Месеци наназад бегството на Рамадани предизвикува бура од реакции кај експертската јавност, но и политички препукувања. По бегството на командантот на УЧК, ВМДО ДПМНЕ побара Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш бидејќи според нив тој е експонент на СДСМ и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре. СДСМ, пак, обвинуваа дека полицијата е виновна зошто не го чувала Рамадани во куќата на неговите пријатели. Исто така со вакви обвинувања излезе и Кривичниот суд кој во соопштение потенцираше дека одговорноста за бегството не е кај судијата, туку кај надлежните што го вршат надзорот.

Реклама

Министерот за правда Игор Филков изјави дека одлуката на Пајазити не е разбирлива и се коси со досегашната пракса.

Покрај Пајазити, уште тројца судии од Кривичен суд донесоа незаконита одлука за неопределување екстрадиција на Рамадани. Врховен суд ова им го преточи во одлука во која наведе повторно да се преиспита екстрадицијата.

Додека македонските судови решава дали тој треба да им се предаде на српските власти, Рамадани си ги спакува куферите и побегна.

Тој беше уапсен летоска на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка по меѓународна потерница на Србија. Осомничен е дека како поранешен војник на УЧК, извршил воени злосторства.

На 1 август, мерката на Рамадани, Пајазити му ја преиначи од притвор во куќен притвор. Тој требаше да остане кај пријателите дома до 16 август. Додека обвинителство подготвуваше жалба за одлуката на Пајазити, Рамадани веќе ги отпакуваше куферите на Косово.