Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Изгаснат пожарот во магацин на Македонски Железници

Голем пожар доцна синоќа ги вознемири граѓаните во Скопската населба Кисела Вода.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем пожар доцна синоќа ги вознемири граѓаните во Скопската населба Кисела Вода. Пожарот изби вечерта околу 1 и 30 часот во депото на Македонски железници транспорт, а оние кои први го забележаа веднаш ги алармираа надлежните. За среќа нема повредени.

За брзо време триесетина пожарникари излегоа на терен и успешно се справија со огнената стихија. Командирот на противпожарната служба Звонко Томевски рече дека пожарот бил многу силен и дека пожарникарите гледале што побрзо да го изгасат и излезат од депото.

„За среќа немаме повредени. Интервенцијата се одвиваше успешно. Имавме континуирано достава на вода, како средство за гаснење. Само што материјалната штета ќе се утврдува дополнително“, рече Звонко Томевски командирот на скопската противпожарна бригада.

Реклама

Во гаснењето на пожарот учествуваа триесетина пожарникари и интервенираа со десет противпожарни возила. Томовски рече дека пожарот бил изгаснат и ставен под контрола и дека во моментов се работи на расчистување на теренот.

„Станува збор за пожар од поголем обем, каде што беа опожарени повеќе вагони. Веднаш е побарана дополнителна помош, така да интервенирано е вкупно со 10 противпожарни возила со 30 пожарникари. Пожарот е ставен под контрола и сега се работи на расчистување и доизгаснување“, рече Томевски.

Во депото се чувале стари и неисправни вагони, а според првичните информации причинета е материјална штета која ќе се утврдува од надлежните.

Полицијата веднаш излезе на терен. Се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што точно се случило и како настанал пожарот во депото на Македонски железници транспорт. 

Љубиша Владимиров