Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мицкоски на самит на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на блискиот исток ќе бидат главни теми на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случувањата во Украина и на блискиот исток ќе бидат главни теми на денешниот петти самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.


Станува збор за собир на кој ќе присуствуваат десетина европски лидери на кој ќе се дискутираат прашања од значење за европските но и меѓународни случувања. Премиерот Мицкоски вчера изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на самитот, но како што кажа, подготвен е да разговара со секого и секаде.


„Подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е на да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски.

Реклама


Домаќин на самитот е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој неодамна изрази подготвеност да посредува помеѓу Скопје и Софија за надминување на бугарската блокада на преговарачкиот процес на Македонија за членство во Европската Унија.