Реклама
Прилози

Анализа: Македонија може да очекува уште поблиски односи со новата администација на САД на чело со Доналд Трамп

Ричард Гренел, Девин Нуњес, Хауард Лутник, Крис Павловски. Моќни личности од политичкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ричард Гренел, Девин Нуњес, Хауард Лутник, Крис Павловски. Моќни личности од политичкиот и бизнис сектор во САД, кои важат за блиски на идниот претседател Доналд Трамп. Според Њујорк Тајмс Гренел треба да биде идниот државен секретар на Америка. Но и личности кои важат за многу блиски со премиерот Христијан Мицкоски. Уште кога беше лидер на опозицијата, актуелниот македонски премиер имаше редовни средби со овие видни личности, од ко уште тогаш се испраќаа позитивни сигнали за соработка со Македонија.

Последен пат пред американските избори, Мицкоски и Гренел се сретна во август годинава во Скопје. Од Владата тогаш соопштија дека цел на таа средба е продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД.

-Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката, соопштија од Владата.

Реклама

Гренел важи за исклучително моќна и искусна личност, меѓу најблиските до Доналд Трамп. Веројатно идниот државен секретар веќе испрати силна порака дека доаѓа мирот во во светот во време на војни:

-Америка и светот се спасени. Ја победивме левицата. Мирот ќе дојде наскоро, порача Гренел.

Какви можат да бидат односите на Македонија и САД под водство на Трамп покажува и фактот дека тој е близок и со истакнати бизнисмени со македонсјко потекло. Еден од нив е Крис Павловски, основач на компанијата Рамбл, фирма која важи за една од најбрзорастечките во САД. Павловски од поодамна говори за соработката со Трамп со кого делат заеднички вреднопсти:

-Верувам дека сме ударната игла кога станува збор за промовирање на борбата против цензурата. Се бориме против владите низ светот на клучните места за слободно изразување кога станува збор за видео платформи. На социјалните мрежи ги имате „Х“ и „Трут соушл“, исто така која е во сопственост на Доналд Трамп. Кога станува збор за видео, Рамбл е лидер според моето мислење, изјави Павловски во минатото во гостување на Алфа телевизија.

За близок бизнис соработник на Трамп важи и Девин Нуњез, дури за него се шпекулира дека ќе ги води бизнисите на новиот амеракински претседател додека тој е на функција.

Матеја Петровски