Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Задолжително изучување на ромскиот јазик во основните и средни училишта побара Шабан Салиу

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде има мнозинство ученици од ромската заедница. Формирање на катедра на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ на кој ќе се предава ромскиот јазик и формирање на Институт во Скопје кој ќе го следи развивањето на истиот. Министерот за ресор, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на Ромскиот јазик, рече дека новата влада ќе се фокусира на зачувување на ромскиот јазик и идентитет.

Ќе се заложи и дел од од средствата од новиот буџет за Министерството за образование, се наменат за печатење на 30.000 граматики, буквари и речници и да има повеќе емисии на Македонската телевизија и радио по ромски јазик.

„Очекуваме институционално вистинско системско решение за ромите, во поглед на јазикот“, рече Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегхијата за инклузија на Ромите

Реклама

И премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ромскиот јазик е потсетник дека мораме да го зачуваме и негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Мицкоски рече дека образованието не треба да биде привилегија и дека тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економска состојба или етничка припадност. Нивна задача како влада е да изградат систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите.

„Ромскиот јазик е многу повеќе од само средство за комуникација. Тој е симбол на идентификација, на култура и на единството на ромската заедница низ целиот свет. Преку него се пренесуваат приказни, обичаи, песни и танци, кои се одржуваат од генерација на генерација. Јазикот е она што ја врзува една заедница, што и дава чувство на припадност и ја одржува нејзината автентичност“, рече Христијан Мицкоски.

Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира ромскиот јазик, култура и образование. Се слави на 5 ноември, а УНЕСКО го прогласи за Светски ден во 2015 година. Од 2018, 16 земји членки на Советот на Европа го имаат признаено ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. 

Љубиша Владимриов