Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Проблемот со градскиот превоз во Скопје само се продлабочува

Наместо да сe реши хаосот со градскиот превоз во Скопје, тој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да сe реши хаосот со градскиот превоз во Скопје, тој се продлабочува. Приватните превозници си ги бараат парите кои им ги должи ЈСП, а во Jавното Сообраќајно Претпријатие вработени се жалат на притисоци, казни и истечени договори.

Дел од приватниците повторно, јавно побараа да им биде исплатен долгот  и да се договори нова цена за километар.

„Јас можам да кажам за мојот пакет долгот е околу 8 милиони и немаме фактури за месеците јули, август и септември. Имаме повеќе од 200 автобуси кои не се искористени. Ние едноставно со оваа цена не можеме да издржиме. Инфлацијата во последните 10 години е за 40% покачена. Тековните трошоци ни се енормно зголемени. Едноставно нема како да се вратиме да возиме нормално“, вели Јовица Зафировски од „Јофи Бус Доо“.

Реклама

Во меѓувреме синдикалците од ЈСП се пожалија на притисоци и суспнзии. Потпретседателот на синдикалната организација при ЈСП, Меџит Идризи, вели и дека десетина лица повеќе не возат затоа што им биле истечени договорите. Бараат укинување на договорите на дело.

„Ние баравме да се укине веќе тоа договор на дело Агенцијата за привремено вработување, затоа што самата фирма плаќа повеќе средства за еден вработен преку агенцијата, отколку да биде вработен во ЈСП“, вели Меџит Идризи, потпретседател на синдикална организација при ЈСП.

Идризи појасни и дека шофер во ЈСП  кој работел во претпријатието повеќе од една деценија е суспенидиран зошто возел неисправен автобус кој удрил во шахта во Драчево. Вели доколку автобусот бил во исправна состојба немало да се случи тоа. Вината ја лоцира кај надлежните, а не кај вработените кои плаќаат за неодговорноста на раководителите во службите.

Дали ЈСП има план за долгот кон приватниците и за договорците вработени кај нив не добивме одговор. Нема ниту коментар за обвинувањата дека вработените трпат притисоци.

Љубиша Владимиров