Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Убиството на Емилија од Штип, уште еден аларм за надлежните: Тенка е границата меѓу семејното насилство и убиство

29-годишната Емилија Пешева, од Штип завчера беше убиена, само затоа што е…

Сподели:

29-годишната Емилија Пешева, од Штип завчера беше убиена, само затоа што е жена. Нејзиното убиство е класичен фемицид и како таков треба да се квалификува, посочуват од  „Скај плус„  здружение кое раководи со шелтер центарот за жртви од семејно насилство, во Струмица. Овој случај, само уште еднаш ја потврдува тезата, дека   границата помеѓу семејното насилство и убиство, честопати лесно се преминува.

   „Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство, за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени„ изјави Стојне Митева, психолог во ЗГ„Скај плус„ од Струмица.

 Стравот и недовербата е причина за најголем дел од жртвите, да молчат или да ги запрат  постапките за семејно насилство. Таков бил случајот и со младата Емилија. Таа на почетокот од септември во штипскиот Центар за социјални работи, дала своерачна изјава дека не сака да се предложат мерки за заштита, со образложение дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите. Статистикaта покажува дека само 2% од насилството се пријавува. Тие, што имаат храброст докрај да му се спротистават на насилникот, најчесто завршуваат во центри, каде добиваат целосна поддршка, бидејќи освен жртви на насилникот, се и жртви на системот

Реклама

   „Годинава што измиунва шелтер центарот во Струмица, згрижи триесеттина жени, жртви на семејно насилство, дополнително и нивните малолетни деца. Меѓунив имаше и многу случаи на жртви по чииј живот и безбедност, имаше сериозни ризици. Не само по нив , туку и по децата„ изјави Стојне Митева, од Здружението „Скај плус„ од Струмица.

Основниот суд во Штип, вчера на 33годишен маж, осомничен за убиство му определи мерка притвор во траење од 30дена. На 1ноември, при вршење на семејно насилство со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. На договорената средба  во помошен објект на штипското комунално претпријатие, на која требало да разговарат за проблемите во нивната врска, настанала расправија, по што осомничениот физички ја нападнал. Прво ја удирал со тупаници, потоа ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел додека жената, не престанала да дава знаци на живот. Откако го извршил грозоморниот чин, се пријавил во полициската станица во Штип. 

Александра Ристевска