Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Се кревале дронови, се следел секој негов чекор – Мицкоски во опозиција бил главна „мета“ на безбедносните служби

Името на Христијан Мицкоски било на врвот на листите на безбедностите служби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Името на Христијан Мицкоски било на врвот на листите на безбедностите служби додека беше лидер на опозицијата. За него важеле посебни мерки и постојано бил мета за обработување од агенциите за безбедност. Ова го откри премиерот на брифинг со новинарите. Мицкоски реагира дека бил третиран како терорист, постојано го снимале и го документирале секое негово движење, дури и со дронови. Неговото име било поприсутно во белешките на АНБ и Агенцијата за разузнавање, дури и од оние на познати криминалци од подземјето. Директорот во тоа време како причина навел дека Мицкоски бил мета на следење оти наводно ја загрозувал безбедноста.   

  • „Во белешките на Агенцијата за разузнавање има основ дека јас сум ја загрозувал безбедноста. Агенцијата за разузнавање води истрага и треба да ја заврши и во декември да брифира на затворена владина седница, додека истовремено Владата бара декласификација и на белешките на АНБ со цел содржината да биде обелоденета“ рече Мицкоски на брифингот со новинарите.

Во операцијата против Мицкоски, оперативците прикажувале дури и измислени активности за да му се додворат на тогашниот директор. Оделе и дотаму што измислувале активности и присуство на Мицкоски на настани и локации каде тој никогаш и не бил.

Мицкоски е дециден дека ова мора да прекине бидејќи не смееме да продолжиме да живееме во вакво општество во кое што службите ќе бидат злоупотребувани.

Реклама

Дека поранешната власт ја следела ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција премиерот предупреди вчера на собраниска говорница. Како што кажа, се дигале дронови над неговата куќа, се пишувале белешки од службите кога присуствувал на терен во Прилеп односно службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат го следеле претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. За ова, рече Мицкоски мора да има одговорност.