Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Министерот Андоновски ја отвори јавната расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028

Министерството за дигитална трансформација денеска ја одржа првата јавна расправа за Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација денеска ја одржа првата јавна расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028, на која министерот Стефан Андоновски ја претстави визијата за градење на безбеден и доверлив дигитален простор во Република Македонија. Подготовката на оваа сеопфатна Стратегија и нејзиното усогласување со европските стандарди го потврдува капацитетот на Министерството за водење на клучните реформски процеси во дигиталната сфера.

На јавната расправа беа презентирани петте клучни столба на Стратегијата: градење силни национални капацитети, безбедност и отпорност на суштинските субјекти, градење општество отпорно на сајбер закани, минимизирање на влијанието на инцидентите, како и национална и меѓународна соработка.

-Како што коментиравме повеќе пати, оваа стратегија претставува камен-темелник во нашите напори за создавање на безбеден и доверлив дигитален простор во Република Македонија. Процесот на изработка на Стратегијата го водевме со највисоко ниво на инклузивност и транспарентност, вклучувајќи ги сите засегнати страни и водејќи се од двојна одговорност – кон нашата домашна јавност и кон нашите обврски спрема НАТО и Европската Унија, особено во делот на усогласување со НИС 2 Директивата, истакна министерот Андоновски во своето обраќање.

Реклама
Влада

Стратегијата предвидува формирање на нов Сектор за сајбер безбедност во рамките на Министерството, кој ќе има повеќе клучни функции – ќе врши надзор над усогласеноста со безбедносните стандарди, ќе воспостави и управува со Владиниот безбедносен оперативен центар, и ќе координира со владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

„Нашата визија е јасна и недвосмислена – сајбер безбедноста мора да биде клучен приоритет во дигиталната трансформација на Република Македонија. Стратегијата 2024-2028 има за цел да создаде безбедна и доверлива дигитална средина преку координиран национален одговор на сајбер предизвиците”, нагласи министерот.

За успешна имплементација на Стратегијата воспоставена е јасна организациска структура каде Министерството за дигитална трансформација ќе биде носител на 76 конкретни задачи, МВР на 17 задачи, МКД ЦИРТ на 15, Министерството за одбрана и Армијата на 4, а Министерството за надворешни работи на 5 задачи. Значајна улога ќе имаат и Агенцијата за национална безбедност, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, универзитетите и други суштински субјекти.

Стратегијата предвидува и формирање на регионален центар за извонредност за справување со хибридни закани, воспоставување на национален центар за заштита на нашите деца и млади на интернет – MKSafeNet, како и развој на сеопфатна национална платформа за едукација достапна за сите граѓани. За следење на имплементацијата, Министерството ќе поднесува детални полугодишни и годишни извештаи до Владата, а ќе се спроведува и темелна годишна ревизија преку специјална работна група. Јавната расправа претставува инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, со цел градење на сеопфатен и ефективен пристап кон сајбер безбедноста во државата.