Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Владата на средба со синдикатите, правата на работниците ќе се унапредуваат

Времените вработувања да траат максимум од шест до девет месеци и потоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времените вработувања да траат максимум од шест до девет месеци и потоа работникот да добие договор на неопределено, зголемување на платите – ова се дел од барањата на синдикалците кои денеска ги примија заменик министрите за економија и труд и за социјална работа. Конфедерацијата на сојузот на синдикати побара од членовите на извршната власт конечно да се донесе законот за работни односи за кој изминатите 7 години добиваа само празни ветувања.

„Болно за работниците е, но се надевам дека оваа влада ќе го донесе законот за работни односи, кој седум години никако да го донесеме со претходната влада. Тоа е едно болно прашање, ги ислушавме работодавачите, како отпуштаат работници и кога работниците се вработуваат, посебно за приватниот сектор, со времени вработувања на три месеци или шест, договори до бескрај, со таквиот третман, работникот не се осеќа сигурен“, изјави

Владата ќе продолжи да се грижи за работничките права, ветија замениците министри Ристевски и Велковски. Но, со реални економски мерки, и без ад-хок решенија како во минатото .

Реклама

„Она што го ветивме и претходно, пред да ја земеме надлежноста, ќе продолжиме и понатаму да го реализираме, а тоа е транспарентност, транспарентно работење, еден социјален дијалог на високо ниво, со синдикатите во Македонија, со работодавачите, со стопанските комори и градење на едни реални политики на една реална основа“, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.

„После економско социјалниот совет кој се одржа пред неколку недели, веќе влеговме во преговори, по однос на областите каде ќе интервенираме, како влада, прво беше точка на дневен ред образованието, каде што веќе се дефинирани веќе нели, оние покачувања што ќе се случат веќе во четири години од денеска, по проценти кои што ги најави и премиерот“, изјави заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Инаку Ресорот труд за неколку дена ќе премине во Министерството за економија. Велковски рече дека и покрај одвојувањето на ресорот, министерствата се една нераскинлива врска и дека тие и во иднина ќе настапуваат заеднички како Влада.

Љубиша Владимиров