Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ниту птица може да прелета, ниту информација излегува што се случува зад затворената капија на Зоолошката градина

Зоолошката градина останува во целосен карантин. Ниту птица може да прелета, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоолошката градина останува во целосен карантин. Ниту птица може да прелета, ниту има некаква информација што се случува внатре, зад затворените капии или пак, каква е состојбата со животните. Изминаа веќе две недели откако надлежните и ставија клуч на врата, како нулта точка од каде можеше да избие епидемија на птичји грип, а се уште нема никакви информаци дали заразата е искоренета или можеби некоја друга птица добила позитивен резултат за опасниот H5N1. Директорот Зоран Попов, како и зоолошката, бил на боледување, а портпаролката само кусо ни кажа дека со животните било се во ред.

„Вратите на Зоолошката градина и денеска се затворени за посетители. Тоа ќе биде така и во наредните денови односно уште осум дена, до кога е рокот во кој што надлежните треба да расчистат со случајот“.

Угината слоница, жирафа, монголски коњи, лемури, антилопи, зоолошката градина е целонсо уништена. Од најразвиената и најпосетената во регионот до руинирана и со клуч на врата, една од најстарите зоолошки во Европа ги преживува најтешките години од своето речиси 100 годишно постоење.

Реклама

Граѓаните сметаат дека не се води доволно грижа за животните во Зоолошката и бараат одговорност. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека засега остануваат на сила и изречените заштитни и контролни мерки.

„Мерките ќе бидат на сила 21 ден и истите се однесуваат на забрана за влез и излез на посетители во зооолошката градина, спроведување на мерки за дезинфекција и чистење на одгледувалиштето,забрана за влез и излез на други птици или цицачи без одобрение на официјален ветеринар, лабораториско тестирање на примероци од секоја сомнителна или угината живина, одржување на саеми изложби и други собири на живина или други видови птици на територијата на Град Скопје“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

На 19 октомври беше извршено хумано убивање на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, откако беше потврдено присуство на птичји грип. Од страна на надлежен официјален ветеринар беше спроведен надзор и беа превземени мерки за следење на болеста. Од Институтот за Јавно здравје велат дека нема заразени луѓе со птичји грип. Досега беа тестирани само двјаца луѓе, едниот вработен во зоолошката, а втората била посетителка која сама барала да се тестира. И двата резултати се негативни.

Љубиша Владимиров