Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Сe што не е забрането е дозволено, според ова правило се воделе претходните раководства на Фондот за иновации

Се што не е забрането, е дозволено. Според оваа девиза се воделе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се што не е забрането, е дозволено. Според оваа девиза се воделе претходните челници во Фондот со иновации и си носеле правилници спротивни на законите за да може да си ги туркаат проектите на внукот на Али Ахмети и фирмите блиски до Заеви.

Поранешниот антикорупционер Нури Бајрами за неколкугодишното менаџирање на Фондот за иновации вели дека се откриени неправилности со кратење на рокови за имплементирање на проекти и цицање пари од државата каса.

Судир на интереси е и тоа што внукот Али Ахмети, Дрин Ахмети во времето на владеење на СДСМ – ДУИ земал над 81.000 евра од Фондот. За поранешниот антикорупционер сомнежот за незаконско делување во овој случај лежи во промената на роковите за проектот и за неизвршениот надзор на сработеното.

Реклама

Тој додава дека во Комисијата утврдиле дека ваквото делување станало пракса во Фондот, па затоа и бареле целосна проверка на работата на Фондот.

Исто така побарале од тогашната валда, разрешување на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции во Фондот.

Внукот на Али Ахмети, фирми блиски на семејството Заеви, не е првпат јавноста да чуе за расипничкото владеење на менаџментот во Фондот за иновации.

Уште во 2022, Антикорупциска по анонимна дојава отвори предмет и за тогашниот директор на Фондот, Коста Петров. Според тогашните сомневања, Коста Петров доделил пари од Фондот на издавачка куќа што ги печатела неговите книги.

Сегашниот директор Никола Додов заедно со правниот тим на Фондот вршат истрага и ревизија на сите проекти од последниве пет години. Според досегашните сознанија државната каса е оштетана за 3, 2 милиони евра. Раководоство најавува кривична одговорност за сите оние кои се огрешиле пред законот.