Реклама
Македонија

Сервер за писмото на Ахмети: Наместо балансер претпочитам систем заснован на заслуги

Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“ е еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“ е еден од примателите на писмата што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги има пратено до претставници и шефови на држави каде како што вели самиот Ахмети се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во државата.

Сервер во својот одговор вели дека проблемите што Ахмети ги наведува во писмата не се работа на некој однадвор туку за нив треба да одлучат граѓаните на Македонија, а не некој однадвор. За јазикот Сервер вели дека нема дилеми во врска со ова прашања и дека Охридскиот договор е кристално јасен по ова прашање. Сервер го коментира и балансерот за кој вели дека и без прецизирање на етничката линија пак ќе се вработуваат лица по етничка линија.

„Тој бара секој јазик што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението да биде исто така официјален заедно со македонскиот. Не гледам како ја доведувате таа обврска во прашање без да создадете повеќе проблеми отколку што веќе има Северна Македонија. Тоа беше важен дел од мировната спогодба од 2001 година. Важно е да се одржува. Имињата ви кажуваат кој е Албанец, а кој Македонец. Се сомневам дека намерата на овој предлог е да продолжи сегашната доминација на Македонците на високи владини позиции. Лажирањето далтонизам нема да функционира. Македонија треба да ги диверзифицира вработените во јавниот сектор за поцелосно да ја рефлектира различноста на населението. Јас не сум љубител на квоти“ вели Сервер.