Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Протест на жителите од Кочани заради проблемот со загадувањето од комуналната депонија

Граѓани и активисти од Кочани, рано утринава , го блокираа патот  кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓани и активисти од Кочани, рано утринава , го блокираа патот  кон Пониква, кој води до депонијата кај селото Бели. Не дозволуват  комуналните возила од околните места да  вршат дотур на смет во Градската депонија. Ниту градежната механизација, која  вчера  влезе и почна да ја чисти и санира  депонијата, не успеа да ги  предомисли еко активистите, протестите  да ги стават во мирување. 

„Целта ни е да спречиме дотур на отпад од околните места, затоашто нашата депонија нема капацитет ни градска да биде, а најмалку регионална. Имаме едно и единствено барање, каде е депонијата таму да се чувствува. Никој не ја сака ни во дворот, ни во собата, ни во душата„ изјави еден од организаторите на протестот, Благица Сабовлјевик-Стоименова.

Блокадите ќе траат деноноќно, децидни се граѓаните. Преземањето на вакви радикални мерки велат, е единствениот начин за да го изразат своето незадоволство од нерешавањето на проблемот со горењето на отпад. Тврдат, дека енормното загадување на воздухоте причина за зголемениот број на граѓани, со респираторни заболувања.

Реклама

„До умирачка ќе останеме, 24/7. Драги сограѓани, организираме депонијада. Повелете, ќе биде весело. Подобро да е весело, отколку да е тажно, како што се тажни изминатите шест месеци со енормно зголемен број на заболени„ изјави еден од организаторите на протестот, Благица Сабовлјевик-Стоименова

Рано утринава е веќе разговарано со граѓаните, вели за Алфа, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

„На граѓаните им е посочено дека депонијата ќе се обезбедува 24часа, со што ќе се контролира влегувањето на неовластени лица, за да се спречи намерното потпалување на истата. Депонијата, целосно ќе биде затворена за да нема чадење, а ќе биде третирана и со морски алги. Побаравме да ги пуштат возилата на кочанското комунално претпријатие, со цел градот да не се затрупа со смет“, вели во телефонски разговор, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Градската депонија во Кочани, стана сериозен проблем за градот откако на неа почна да се исфрла и отпад од соседните општини, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај Свети Николе. 

Александра Ристевска