Реклама
Македонија

По укинувањето на „балансерот“, во игра се две решенија за правичната застапеност

Вметнување во постоечките или со целосно нов закон ќе се имплементира правичната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вметнување во постоечките или со целосно нов закон ќе се имплементира правичната застапеност. Владата има капацитет да изработи замена за „балансерот“ и за тоа има две можности – да се вметне во предлог законите за јавна администрација кои се во собраниска процедура, или пак со ново законско решение кое ќе се најде на разгледување и пред Венецијанската комисија, вели министерот Горан Минчев. Во моментов Јавна администрација не подготвува предлог закон, но можно е да биде прифатена и нацрт-верзија од коалициониот партнер ВРЕДИ. Но, без брзање треба да се најде решение за во иднина повторно да не се најдеме на укинување од Уставниот суд, вели Минчев.

  • Сигурен сум сигурен дека во Владата има политички капацитет и можност да се дојде до едно сериозно, системско и квалитетно решение. Не треба да се брза. Мора да имаме трпение затоа што ние сме имале и ситуации кога и од 2001 до 2015 година не постоел балансер, но уставната категорија, правичната застапеност на етничките заедници се имплементирала. Така што, мора да дојдеме до сериозно решение да не се најдеме повторно во ваква ситуација, а тоа е Уставниот суд да укинува одредени членови или одредби од евентуалното законско решение,“ рече Минчев.

Законското решение за правичната застапеност ќе помине низ сите филтри на јавна дебата како што тоа сега е пример со Предлог законите за административни службеници, најавија од министерството. Универзитетскиот професор Борче Давитковски очекува што поскоро да се донесат реформите во администрацијата, но да се земат предвид одлуките од Уставниот суд.

  • Би било добро при конечната одлука да ги земете предвид двете одлуки на Уставниот суд. Едната одлука е во поглед на статусот на вработените во високото образование, а втората одлука е т.н. балансер. Тоа е многу битно прашање кое што се надевам дека дали со посебен закон или во овие закони кои ќе бидат имплементирани“ рече професорот Давитковски.

Очекувано, во центарот на дебатата беа платите за јавниот сектор, прашање кое го покренаа синдикатите.

Реклама
  • Не може раководител на сектор во одредено минитерство, раководител на сектор во Градот Скопје, и раководител на сектор во една рурална средина да земаат иста плата. После ни бегаат вработените, па нормално ќе ни бегаат…“ рече државниот ревизор Ацевски.
  • Во реалните трошоци до нашите работни места, имајќи  во предвид дека користиме најчесто јавен превоз и трошиме и до 30 проценти од ншите палти, ит да размилуваме и да разговараме за да биде надмине овој проблем.. “ рече Трендафилов – претседател на ССМ.

Од друга страна, синдикалните организации но и пошироката јавност бара враќање на бодовите кои се доделуваат при вработувањата и унапредувањата во зависност од тоа кандидатот на кој Универзитет завршил високо образование.

  • Имаме пример во соседството и надвор од соседството каде што во образованието се оценува дали Универзитетот е на Шангајска листа или не е, и за тоа да се доделуваат дополнителни поени на сите кандидати..“ рече Благоја Ралповски – претседател на КСС.

  • Немањето на ранг лист значи изедначување на сите универзитетите, и домашни и странски при вреднувањето на образованието, можеби има причина за тоа меѓутоа но никаде не сме ја слушнале, никаде не е образложена..“ вели директорот на Агенција за администрација, Глигоров.

Универзитетски професори, Антикорупциска како и невладиниот сектор дадоа свои забелешки за новите предлог- три закони за јавната администрација, кои според Минчев ќе се вратат на преработка и во нив ќе бидат содржани мислењата на засегнатите страни.