Почиста животна средина,локален економски развој и задоволни земјоделци – ова беа дел од темите на платформата “100% посветени за тебе”. Министрите Трипуновски, Перински и Меџити презентираа што сработеле од почетокот на мандатот и какви се плановите за иднина. Министерот за земјоделие, најавува дека до крајот на оваа година ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кои на земјоделците им се должат заклучно со минатата година.Очекува тоа да донесе раст на земјоделското произовдство.
Големи инфраструктурни проекти во општините најави министерот Перински, тој вели дека дел од проектите ќе ги финансира централната власт.А за околку еден месец, ќе се објават првите јавни набавки и до крајот на ноември некаде ќе има и поставување камен-темелници.
За министерот Меџити чистата животна средина во Македонија е приоритет.Тој најави програми и мерки за почист воздух. А ќе проработат и регионалните депонии.

Во рамки на платформата 100 отсто посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“ министрите ветија дека ќе работат со забрзано темпо, за да се решат реалните проблеми на граѓаните.
