Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски повика на обединување: Заедно да носиме одлуки за нашата татковина, за нашата Македонија

Заедно да носиме одлуки за нашата татковина, нашата Македонија, секој конструктивен предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедно да носиме одлуки за нашата татковина, нашата Македонија, секој конструктивен предлог на опозицијата ќе биде прифатен. Премиерот Христијан Мицкоски на денот на македонската револуционерна борба, повика на обединување на сите во државата. Според него, имал политички противници кои единствено гледале како да извадат некоја изјава од контекст, на начин со кој влегуваат во магичен круг на обвинувања, играјќи на картата на кратко помнење на македонските граѓани.

-Малку подалеку ги гледаме работите, бидејќи вие од каде што сега сакате да стигнете, ние од таму се вративме. Ајде да се обединиме и заеднички да носиме одлуки за иднината, бидејќи друга татковина немаме, освен оваа наша заедничка Македонија, која што ја сакаме најмногу на светот. Затоа јас ви велам дека секој ваш предлог, кој што е конструктивен и кој што е оваа насока ќе го прифатиме, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека се надевал на мандат во кој ќе се работело на реформи, но сепак Македонија како и секогаш е заглавена во билатерални спорови, односно соседни држави кои сакаат да ја пишуваат нашата историја. Вели доколку не биле тие проблеми, државата одамна ќе била членка на Европската Унија. Ги повика граѓаните да не дозволуваат апатијата да ги проголта и да не ги водат алузии дека сите не пристигнале, а на нас не бивало.

Реклама

-Суштината на нашата борба и нивната, на историското ВМРО е буквално иста. Историјата треба да зближува, а не да разединува, затоа сакам овој ден да го славиме сите и левата и десната страна од политичкиот спектар, затоа што ВМРО е и нивна историја. Во ВМРО и тогаш имало поделба на леви и десни. Ние мораме самите да се свртиме кон себе, да се цениме повеќе, да веруваме во себе, изјави Мицкоски.

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност се одржа свечена академија по повод денот на македонската револуционерна борба. Покрај премиерот, таму беше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, министри од Владата, претставници на локалната самоуправа, пратеници од Собранието, а го немаше лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Матеја Петровски